Отворени понудите за доделување на концесија за Црна река

Пред три дена беа отворени понудите за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични центарали на Црна Река.

На тендерот аплицирала само грчката компанија „Паблик Пауер Корпорејшн“ (Public power Corporation).  Во тек е фазата на евалуација на доставените понуди, а во најкраток можен рок Владата ќе донесе одлука за тоа дали понудувачот ги исполнува утврдените услови.