Отворени првите заеднички гробишта за луѓе и нивните миленици

Во Виена од неодамна отворени се првите гробишта на коишто на едно место ќе бидат погребувани и сопствениците и нивните домашни миленици, објави градската управа на австриската престолнина.

Откако жителите на Виена многу позитивно реагираа на крематориумот и гробиштата за животните кои беа отворени во 2011 година, кај многу од сопствениците на домашни миленици се појавила желбата за заедничко последно почивалиште.

Градските власти сериознио ја сфатиле ваквата желба и на гробиштата во градскиот дел на Зимеринг, наспроти Централните гробишта, создаден е посебен дел за заедничко погребување на сопственциите и нивните миленици. Гробните места со големина од еден метар квадратен се предвидени исклучиво за полагање урни на луѓе и животни. Во секоја гробница може да се положат и од осум урни, а десетгодишниот надоместок за гробарнината изнесува 490 евра.

„Во Австрија има повеќе од три милиона домашни миленици. Само во Виена во секое второ домаќинство живее некое животно. Некои луѓе имаат поинтензивен однос со своите животински пријатели отколку кон луѓето и ние тоа го почитуваме“, изјавила функционерката на градската управа Ули Зима при отворањето на гробиштата и истакнала дека виенската градска управа секогаш се труди да биде иновативна и да создава нови трендови.