24.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Отворени Зимските олимписки игри

Tочно на пладне по средноевропско време денеска започна церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова се трети ЗОИ во Јужна Кореја, а ќе траат од 9 до 25 февруари.

Пјонгчанг ќе биде домаќин на вкупно 102 настани во петнаесет различни спортови, односно на 2.952 спортисти од 92 различни земји.

На Олимписките игри ќе учествуваат и спортисти од Северна Кореја и покрај влошените односи меѓу двете земји. Тие настапуваат под заедничко име Кореја и со заедничко знаме.

Од нашата земја, тројца олимпијци ќе бидат дел од 23 – те Зимски олимписки игри. Тоа се Антонио Ристевски во алпско скијање слалом и велеслалом, Ставре Јада во крос – кантри, спринт и 15 километри и Викторија Тодоровска во крос – кантри дисциплина на 10 километри. Македонското знаме на отворањето го носеше Ставре Јада.

Јужна Кореја стационира 600.000 војници во градот со околу 44.000 жители чија цел ќе биде безбедност на Игрите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.