Ова е 18-годишниот монструм што уби 18 и повреди 47 луѓе во Крим

Осумнаесет убиени и 47 повредени во вооружен напад во Политехничкиот факултет во пристанишниот град Керч на Крим, објави Раша тудеј.

Напаѓачот е идентификуван како 18-годишен студент, кој откако предизвикал експлозија во колеџот, извршил самоубиство.

Рускиот истражен комитет наведува дека нападот во училиштето се третира како масовно убиство, а не како тероризам. На Крим е прогласена тродневна жалост поради трагичниот настан.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.