Ова е документот со кој Боки 13 бара разрешување на судијката Гаврилова Ефремова

Документ со печат од СУДСКИОТ СОВЕТ НА Р. Македонија со кој Бојан Јовановски – Боки 13 бара разрешување на судијата Софче Гаврилова Ефремова, објави Курир.

Ова е документот по кој дел од медиумите известуваа во изминатите неколку дена. Како што може да се види од архивскиот печат, домументот е примен во Судскиот совет на 15.12.2021, во него се наведени значајни околности кои што ги наведува обвинетиот Јовановски во поткрепа на неговото барање.

Судскиот совет во изминатиот период разреши судии за многу помали работи отколку овие факти кои што се наведени во барањето на Јовановски за утврдување на нестручно и несовесно работење на судијата Софче Гаврилова Ефремова и разрешување од судиската функција. Каква ќе биде одлуката по ова барање останува да видиме.

Следно закажаното рочиште за главна расправа за случајот Меѓународен сојуз е веќе утре, 21.12.2021, во 10 часот. Јавноста очекува да види дали обвинетиот Јовановски повторно ке биде спречен да зборува пред судот од страна на судијата Софче Гаврилова Ефремова која го води предметот.

Бојан Јовановски токму поради овие околности за цензура и спречување на докажување и политичко судска спрега со однапред договорена агенда, како и други прецизно наведени околности го бара и го темели барањето за разрешување на судијата.