Ова е осомничениот за терористичкиот напад во Германија- кажал само 5 збора при апсењето

Уапсен е Сириецот Иса ал-Х. , осомничен за терористичкиот напад во германскиот град Солинген

Кога полицијата го нашла во Центарот за бегалци, облеката му била измачкана со крв, пишува германски Шпигел.

Полицајците го опколиле, а тој се предал.

„Јас сум тој што го барате“, рекол кога бил уапсен.

Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија Херберт Реул (ЦДУ) претходно потврди дека едно лице е уапсено во кампот.

Според информациите на Шпигел, 26-годишниот Сириец е роден во градот Деир ал Сор, а во Германија дошол на крајот на декември 2022 година. Се верува дека тогаш поднел барање за азил во Билефелд.

Една година подоцна, тој ја добил таканаречената супсидијарна заштита, која често им се доделува на бегалците од земјите погодени од граѓанска војна. Тој е сунитски муслиман. Според германскиот весник, тој претходно им бил непознат на безбедносните власти како исламистички екстремист.

Да потсетиме, претходно Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа три лица, додека осум други беа ранети.