Ова се најдобрите компании во светот

Агенцијата за вработување Гласдор ги соопшти резултатите од истражувањето според кое најдобра компанија во светот е Бејн едн компани, а Твитер е на втората позиција.

„Станува збор за многу интересна и влијателна компанија. Во таа компанија нема досаден ден и никогаш нема досадни проекти. Цел на компанијата е решвање на сите проблеми на нејзините клиенти“, вели Гласдор за оваа компанијата која има седиште во Бостон, САД.

На втората позиција на листата е популарната социјална мрежа Твитер која важи за компанија со „паметни и вредни работници кои навистина се грижат за нејзиниот успех“.

По нив следат, Линкедин, Истмен кемикал, Фејсбук, Гајдвајер, Интерактив интелиџенс, Гугл, Орбик ворлд вајд, Нестле, Парина, Пет Кер.

Меѓу најдобрите 50 се наоѓаат и Шеврон, кој што се на 14-тото место, Најк на 29-то, Интел корпорејшн на 33, Епл – 35, Старбакс – 39 и Ибеј на 49-то место.

Инаку, истражувањето се состои од анкетирање на вработени во многу компании ширум светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.