Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика, две недели по последната одлука, врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93 проценти, односно за 3,21 отсто во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РепубликаМакедонија од 01.04.2019 година.

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,93 отсто. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.