Оваа победа го врати Интер во живот

Фудбалерите на Интер синоќа на Меаца ја победија Борусија Дортмунд со резултат од 2:0 во средбата од 3. коло во Лигата на Шампионите, а после натпреварот најзадоволен беше Антонио Конте.

Италијанскиот стручњак кажа дека оваа победа неговиот тим го оставила во живот кога е во прашање осмина финалето.

„Оваа победа не остави во живот, ја одржува надежта која ја имаме за продолжување понатаму во оваа многу тешка група. Многу сум среќен за моите играчи бидејќи изминатата сезона работеа многу напорно за да стигнат до трката во Лигата на Шампионите“, рече Конте и додаде:

„Единствен начин на кој можевме правилно да го прославиме минатогодишниот напор и успех е победата вечерва. Исто така, на овој начин самите себеси си докажавме дека сме на правиот пат и дека може и ние нешто да бидеме прашани во оваа тешка група“.

Интер моментално е во групата Ф и го држи второто место со освоени четири бодови.

Исто толку на третото место има и Дортмунд, но е послаб за само еден гол разлика.

Барса е прва со седум, а Славија Прага последна со еден бод. Во наредното коло Интер гостува во Дортмунд.