Оваа Титаник влада на елитизам и глумење сила за кратко ќе ја потопи народот, вели Јорданов

Пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница ја спореди новата влада со бродот Титаник.

-Овој предлог за влада слободно може да се нарече Титаник влада. Велите дека ќе трае долго и е направена за големи цели и очекувања, со многу пари исто како бродот кој бил наречен дека е непотоплив, па оттаму и сличноста, рече пратеникот.

Тој во продолжи со споредбите на владата со бродот.

-Гледајќи ги партиите од владејачкото мнозинство, повеќе или помалку наликуваат на горните слоеви од овој брод, елитизам, глумење сила, еминенција, пари, а помалите политички партии од тој состав се оние патници сместени во долните слоеви, надевајќи се дека ќе бидат дел, дека ќе сркнат од сребрената лажица, иако помалите партии ништо не добија во оваа коалиција. Титаник бил потопен од санта мраз, а оваа влада за кратко време ќе биде потопена од санта мраз наречена македонски народ, истакна Јорданов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.