Oваа влада дојде на власт со една лажна кампања против загадувањето, шеташе по улици со маски, а сега тие маски ги нема

Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната собраниска седница истакна дека ребалансот треба да биде план и конструкција на финасиите за до крајот на годината но, во владеење и функционирање на СДСМ можеме слободно да се каже дека оваа влада работи без план.

Имено таа потсети дека оваа влада досега имаше најголем буџет за 2019 во историјата на Република Македонија за да сега имате кратење во сите облати со ребалнсот којшто се од суштинско значање на граѓаните.

-Имате кратење од 50% на средствата за водоводни мрежи, па парадоксално е во 20 век е да разговараме за вода, а бевме сведови дека и повеќето од амандманите кои беа поднесени дека се однесуваат за водовод. Кратите 50% од средствата за канализациони мрежи и одводни канали, а знаеме што се случуваше во Гази Баба кога имаше поројни дождови, кога имаше катастрофална поплава во 2016, затоа пак имате зголемување во фондот за иновации каде имаше делење на тендери под сомнителни околности по лица блиски на владеачкото мнозинство, потенцираше пратеничката.

Пешевска посочи дека има зголемување на средства во МАНУ и тоа всушност претставува награда за нивното молчење и немање став околу промената на името на државата.

-Имате зголемување во капиталните дотации на ЕЛС за животна средина и тоа требаше да ви биде приоритет затоа што загадениот воздух којшто го„ ужива“ секој граѓанин на оваа држава. Оваа влада треба да се насочи кон тие средства за животна средина и будно ќе ве следиме за сите постапки и мерки што ќе ги преземете за да се намали загадувањето во државата, објасни пратеничката.

Дополни дека оваа Влада дојде на власт со една лажна кампања против загадувањето, шеташе по улици со маски, а сега тие маски ги нема и не шеатаат по улиците затоа што се што зборее пред избори сега за нив вас не важи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.