Оваа власт ја води земјата во амбис

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во емисија на телевизија ТВ21 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата да се турне оваа неспособна влада која што државата ја турка во амбис.
„Секој зрел политичар, секој политичар кој што и мисли добро на Македонија без разлика дали е тој во СДСМ, дали е дел од политичките партии во Коалицијата на СДСМ, дали е од ДУИ, без разлика, ако и мисли добро на државата и на граѓаните нема повеќе да го подржува ова мнозинство во Парламентот. Бидејќи очигледно дека ова мнозинство во Парламентот Македонија ја води во амбис“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тоа ВМРО-ДПМНЕ како опозиција во тој момент кога увиде дека волјата се прекршува, дека луѓето се беспомошни, граѓаните се оставени сами на себе и се ВМРО-ДПМНЕ се обиде да помогне и со тоа ја покажа и докажа зрелоста.
„Тоа не значи, ќе повторам дека сме се откажале од нашата намера да формираме ново парламентарно мнозинство. А, тоа парламентарно мнозинство ќе води многу подобро државата споредбено со ова парламентарно мнозинство“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека поголемиот дел од каолициските партнери на Зоран Заев се чувствуваат измамено и разочарано.