Оваа власт само пред избори се сеќава на граѓаните, а по нив добива амнезија

Актуелната власт предводена од СДСМ се грижи за граѓаните, исто како што нејзиниот градоначалник на главниот град, Петре Шилегов, се грижи за загадувањето во Скопје и за платите на пожарникарите, иронизираше Љупчо Пренџов, потпрестедател на ГРОМ, алудирајќи дека Владата само пред избори се сеќава на граѓаните и нивните проблеми потоа „добива амнезија“ на тоа што има ветено.

„Народот треба да знае дека пожарникарите моментално земаат 18.900 денари плата, согласно закон кој што вели дека пожарникарот треба да земе 20% повеќе од работникот на исто работно место, на исто ниво од лоаклната самоуправа, и плус 20% повеќе за ризик при работа. Доколку тоа го претвориме во денари се работи за некаде околу 6.500 до 7.000 денари. Луѓето не бараат ништо екстра, луѓето бараат градоначалникот Шилегов да го почитува законот“, истакна Пренџов во текот на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“,

Пренџов, које пратеник и претседател на Парламентарната комисија за контрола на тајните служби, посочи дека СДСМ беше партијата која барајќи го мандатот велеше дека ќе го почитува Уставот и законите, но откако го доби заборавила на своите ветувања.

„Нека го направи тоа веќе еднашм, барем за доброто на граѓаните. Срамота е да еден пожарникар да не може да зеде 23-24.000 денари плата и тоа поради тоа што Шилегов не го почитува законот за исплата на додатоци на плати. Пожарникарот секојдневно го ризикува својот живот. Вие да влезете во зграда, облакодер каде што гори, тоа се опасни работи. Таму има плински уреди, хемикалии“, потсети Пренџов.

Истакна дека е препознатлив стилот на скопскиот градоначалник Шилегов – да ветува а да не исполнува, и оцени дека поради таквите лоши политики тепко дека на наредните локални избори, СДСМ ќе го добие Град Скопје или, пак, некоја општина во државата.

„Во последниот ребаланс на Владата имаме за 90 отсто намалени средства за чистење на диви депонии на територија на Република Македонија. 21 инструмент од мерните станици не работат, две третини од средствата предвидени за набавка на делови и нови инструменти за мерните станици се скратени парите. Покрај тоа што инструментите не работат згора на тоа уште две третини од Вуџетот за поправка, резервни делови се одземени со овој ребаланс на Вуџетот“, нагласи Пренџов.