Јован Митрески ќе биде новиот претседател на Собранието на местото на Џафери

Се очекува в недела претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски да го предложи Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на партијата, за нов претседател на Собранието, брифираат од СДСМ.

Според партиски извори, денеска додека траел состанокот на ДУИ, Ковачевски за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.

-Неофицијално се дознава дека на овој состанок од претседателот Димитар Ковачаевски се очекува да го предложи Јован Митрески за претседател на Собранието и да биде потврдено од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ, брифираат извори од владејачката партија.

Денеска Централното претседателство на ДУИ на состанокот во партиското седиште одлучи актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде назначен за технички претседател на Владата, од 28 јануари в година, 100 денови пред изборите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.