Јованчев: Поради неспособноста на СДСМ, Македонија има најлоши економски резултати во регионот

Македонија е со негативна стапка на раст од минус 4.5 отсто во 2020 година, и беше земја со најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот. За илустрација, Србија заврши со рецесија од само минус еден процент, додека Албанија со негативен раст од 3,3 отсто, па се поставува прашањето дали во овие земји немаше корона ирус, запраша во средата Зоранчо Јованчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.

Јованчев притоа посочи дека во земјите кои ги наброја секако имаше епидемиолошка криза како и во Македонија, но дека тамошните влади многу поефикасно и подобро се справиле со коронавирусот и со економската криза.

„Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните. Но, за разлика од тие земји кај нас во Македонија имавме Влада која што од Стејт Департментот е прогласена за најкорумпирана влада во регионот, посочи Јованчев.

Јованчев укажа дека Македонија е со негативна стапка од 1, 9 отсто и дека е земја со најлош резултат во првиот квартал од 2021 година. Пратеникот ги презентираше и официјалните податоци, според кои земјата има најмал прилив на странски директни инвестиции во 2020-та споредено со целиот регион и притоа посочи дека странски директни инвестиции во 2020 година изнесува околу 270 милиони евра наспроти Србија во којашто истата година имала прилив на странски директни инвестиции 3.4 милијарди евра, како и дека Албанија има од милијарда евра, а Црна Гора од 529 милиони евра итн.

„Република Македонија има најголем раст на јавниот долг, до 55.000 лица се невработени односно останаа без работа од почетокот на кризата. Околу 6.200 компании ставија клуч на вратата. А, кога зборуваме за инфлацијата во мај 2021 година стапката на инфлација изнесува 3 отсто“, потсети Јованчев.