Јованоски: Прилеп, главно дисциплиниран за мерките, се бараат заштитните маски

Прилепчани, главно го почитуваа полицискиот час, а полицијата е ригорозна во спроведување на мерките и во самоизолација, изјави прилeпскиот градоначалник Илија Јованоски, резимирајќи дека преку 160 лица се во самоизолација, но има уште една кривична пријава за непочитувањето на тие мерки.

Прилепскиот општински штаб е во постојано заседавање и во комуникација.

– Во најголема мера, мерките се почитуваат. Според информацијата од прилепската полиција главно, се почитуваше полицискиот час од синоќа од 21 часот до изутрината до 6 часот. Полицијата за контрола имаше 6 пунктови во градот и служби кои патролираа. Во овој момент во Прилеп има 161 лице во самоизолација. Воедно е поднесена нова кривична пријава, осма по ред, за лице кое не ги почитува мерките. Инаку, денеска едно лице е упатено на испитување за корона вирус во Институтот за јавно здравје во Скопје и оттаму се очекуваат резултатите, изјави Јованоски.

Јованоски упати благодарност до сите компании, посебно работници кои ги шијат заштитните маски зашто има побарувања од целата држава и градот стана синоним за ова. Дистрибуирани се преку 9 500 заштитини маски. Добија матичните лекари и стоматолози.

– Во Прилеп се прават напори да ги задоволиме сите побарувања на заштитни маски што ги прват општествено-одговорните компании во општината. Во овој момент имаме поделено 9 500 заштитни маски. На располагање имаме неколку илјади заштитни маски со кои во континуитет се задоволуваат потребите на сите институции. Денеска, по вторпат, се подоелени на матичните лекари и стоматолози, во сите јавни-комунални претпријатија и за сите институции и субјекти кои побараа од локалната самоуправа, рече Јованоски.

Во моментов се неколку општествено-одговорни компаии кои се пријавија да помогнат и ги упативме до Црвениот крст од каде ќе се делат социјалните пакети. Регионалната стопанска комора излезе во пресрет за да ги плати средствата до компании кои ќе дадат средства за дезинфекција за јавните претпријатија и секаде каде има потреба.