Јовановиќ: Владините мерки се во полза на крупниот бизнис, а не на граѓаните

Професорот Бранимир Јоваковиќ, кој беше и советник на поранешниот министер за финансии Тевдовски, смета дека Владата не превзема соодветни неопходни мерки за заштита и помош на работниците и малите бизниси кои се погодени од актуелнава економска криза која е предизвикана поради пандемијата со коронавирусот.

Во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21 истакна дека мерките кои до сега ги преземала Владата се во корист на крупните бизнисмени, кои и онака нема многу да бидат погодени од корона кризата.

Обврска на Владата е да ги остварува барањата на граѓаните. Тоа го заборава Владата и особено го заборави во оваа криза и затоа не реагираше. Премногу ги слушаше големите, крупни бизниси и банкарите и другите бизнисмени, и коморите и затоа не превзеде мерки кои што ќе бидат повеќе во насока на заштита на интересот на граѓаните, туку превзеде мерки кои што беа повеќе во заштита на интересот на бизнисот, рече Јовановиќ.

Истакна дека богатите ќе си поминат одлично во кризава од која нема да бидат погодени, која може и добро да им дојде па ќе остварат големи добивки, а сиромашните и работниците, со оглед на тоа што не се превзедоа доволно мерки за нивна заштита, ќе го платат цехот.

Јовановиќ истакна дека банките, во време на кризата со корона вирусот профитираа над 100 милиони евра, при што додава дека Владата морала да донесе уредба и да им нареди на банките да не пресметуваат камати во време на оваа криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.