Јовановски: Ако кажам дека Ременски е крива за Меѓународниот сојуз, ќе ме пуштите ли?

625

Половина час пред судот првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен. Тој случајот го нарекува „трагично кривично правен предмет, трагично наречен Рекет“.

Лица кои се вклучени во оваа постапка слободно се шетаат, а тука некој си игра правда над мене. Сакате да постапам како Милески, да кажам Катица Јанева е крива и да ме пуштите? Или да кажам Ременски е крива за Меѓународен сојуз?, рече Јовановски

На тоа реагираше обвинителката Вилма Русковска, на што Јовановски ѝ порача: „Не се дери, не мора да ги покажувате вашите гласовни способности”.

Мојата здравствена состојба е шпанска серија. Не можам да го реализирам мојот хигиенско диететски режим. Ете, отстранети се сомнежите за малигнитет и тоа е среќна вест, но мене ми треба посебна исхрана, не можам тоа да го правам во затворска келија, рече Јовановски.

Судијката Васка Николовска Масевска го ислуша Јовановски, по што рочиштето беше завршено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.