Јовановски: Кичеец е пуштен во домашен притвор со полититчка агенда

Бојан Јовановски пред судот презентираше фотографии направени во текот на вчерашниот ден на кои се гледа Зоран Милевски – Кичеец како слободно се шета, иако е префрлен во домашен притвор.

На фотографиите може да се забележи Кичеец во друштво со еден директор, и неговата, како што вели Јовановски „паравојска“.

Според Боки 13, Кичеец е пуштен во домашен притвор со агенда. Политичка агенда како што вели Јовановски.

Според его, ПИ Мерките биле презентирани во судот на „најпазарски начин“ вели Јовановски, објаснувајќи дека додека Вилма Русковска презентирала докази за кои тврдела дека се од Охрид, а биле снимени во Скопје и можело да се види таткото на Боки 13 и неговото куче како излегуваат од „Лајт Кафе“.

Не е вистина вели Боки 13, дека тој тргнал кон граничниот премин Богородица за да бега туку тргнал на седум дневен годишен одмор на островот Миконос.

„Не може да бега човек на легален граничен премин, во ек на летна сезона со пет пријатели во автомобил. Така не се бега. За бегство треба поголема организација. Ќе си замине некој за Унгарија и демек овие сега ќе го гонат.“ – вели Јовановски.

Тој посочи дека кога Катица Јанева ќе се одважи да проговори дека е жртва на уцена, тогаш ќе се види која е неговата вина во случајов.

Според неговиот адвокат Сашо Дуковски, најсмешно во судскиот процес е начинот на кој било пријавено кривичното дело и тоа во ресторан кај Горан Николовски, шеф на УБК.

– И што направил тој, ништо. А, требало преку службена белешка да го извести Бирото за јавна безбедност. Јас таков офицер на висока позиција не познавам кој вака ќе постапи и едно вакво големо кривично дело ќе го остави на неформален разговор и нема ништо да преземе. Во овој судски процес сѐ е бисер до бисер, нема докази. Обвинителот селективно ги цени исказите и тоа само оние кои се на штета на обвинетиот. Зошто не се зема предвид исказот на Сергеј Варошлија кој рече дека не ја видел Ана Камчева, или на Стојан Арсовски кој даде исказ во судот дека Камчева кога била кај Јовановски не носела ниту ташна или некакво несесерче кое ќе собере 350.000 евра. Ве молам во мало несесерче толку пари!? И овој бисер се зема како доказ – забележа Дуковски.

Тој праша како јавниот обвинител утврдил дека Јовановски парите од Камчев ги трошел на гардероба и додаде дека обвинителката ги побарала на Википедија сите можни модни креатори и ги ставила во обвинението како докази. Дуковски тврдеше дека Обвинителството нема доказ, никаков вирман за милионот на сведокот Камчев за кој и вработената во „Орка Холдинг“ дала исказ во судот дека во неколку наврати биле извадени пари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.