17.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Јовановски: Кичеец е пуштен зaшто со Рускоска треба да местат избори!

Се приклучувам на барањето за изземање на Вилма Рускоска бидејќи јас сум жртва на гол политички систем, рече Бојан Јовановски на денешното прво судење за предметот „Рекет 2“. Тој имаше расправија со судијката Ефремовска за која бараше да не го прекинува додека зборува.-

-Рускоска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи идат избори и заедно со Рускоска треба да местат избори, рече Боки по што судијката го прекина неговиот говор.