Јовановски: Во Прилеп е потребен карантин

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, за ТВ24 вели дека е потребен карантин во Прилеп, бидејќи по Скопје, овој град има најмногу заразени од Ковид 19.

„Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Мораме да имаме карантин. Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ – вели Јованоски.