Овчеполските ниви ќе немаат вода поради глупост: На сезонците нема кој да им го продолжи договорот за работа

Овчеполските ниви ќе немаат вода поради глупост. На сезонците нема кој да им го продолжи договорот за работа. Станува збор за 20 работници кои го одржуваат системот од Злетовица до Каратманово и на кои договорите за работа веќе им се истечени:

Луѓето кои се моментално на работа се до 31.5.2019 и немаат никаков договор за понатамошно работење, ниту пак се известени дали ќе продолжат понатаму со работа, изјави Владо Ивановски, од РЕ Водостопанство „Овле Поле“ – Св. Николе

Ова значи дека овие луѓе вентилите за наводнување денес ги одвртеа за последен пат.

Веќе од понеделник, на земјодлеците ќе нема кој да им ја пушти водата: