12.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Јовески и Штерјев имаат различни толкувања за в.д. шеф на СЈО

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, во изјава за „360 степени“, вели дека не сака да се конфронтира со државниот јавен обвинител, но напоменува дека назначување в.д. шеф на СЈО е возможно само во точно определени услови.

„Не сакам да навлегувам во конфронтација и затоа само ќе го цитирам Законот за јавно обвинителство. Одредбата за евентуално назначување вршител на должност (в.д.) вели дека тоа може да се направи во случај на престанок на функцијата или при разрешување. Ако сакаме за СЈО да се примени Законот за јавно обвинителство, тогаш Јанева треба да е разрешена или да и престане функцијата. Такво нешто нема, Јанева се уште формално не поднела ниту оставката за да ја констатираме. Сепак, прво да почекаме што ќе одлучи Судот за барањето за притвор. Дополнително не би сакал ништо да коментирам“, вели Штерјев за 360.

На денешната прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека ако Јанева е спречена да ја извршува функцијата, тогаш на потег е Советот на јавни обвинител кој треба да постави в.д. шеф на СЈО, од обвинителите во оваа институција. Притоа, Јовески се повика на законите за СЈО и за јавното обвинителство. Но, шефот на Советот на обвинители различно ги чита одредбите, особено од Законот за јавното обвинителство.