Јовески: И со куќен притвор се обезбедува присуството на Мијалков

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за ТВ 24 истакна дека жалбата за притворот на Сашо Мијалков е повлечена кога полицијата го бараше, но оваа мерка може да се промени по изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“, што е закажана за во петок.

– Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка, со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство. Во петок е објавувањето на пресудата, ќе се разгледуваат мерките за присуство на обвинетиот – вели Јовески.