Јовески избегна соочување со Грковска, ама си испратија „поздрави“

Државниот обвинител Љубомир Јовевски и денеска избегна јавна дебата со вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, објави АлсатМ. Иако го потврди учеството на организираната дебата за антикорупција, во последен момент не се појави. Јовевски во писмена реакција на вицепремиерката ѝ порача дека функцијата што ја има е непотребна. Тоа беше одговор на критиките на Грковска за неговаат неефикасност на чело на Обвинителството. Таа рече дека при откривањето на слабостите на системот ќе треба да се интервенира не само во правилниците и подзаконските акти, туку во одредени случаи и во самите закони, за во иднина да немаме „резултати“ како што беше со изборот на шефот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

И првата Антикорупционерка, Билјана Ивановска, со остри критики за обвинителот Љубомир Јовевски. Таа рече дека поради незадоволителни резултати, државниот обвинител не заслужува да биде унапреден во функцијата уставен судија.

Предлогот Љубомир Јовески да стане уставен судија, сѐ уште не го поминала филтерот во собраниската комисија. Останува нејасно дали парламентарното мнозинство ќе продолжи да го штити Јовески и по отворените судири со вицепремиерката Грковска. Додека течат роковите, во јавноста расте притисокот за консолидација на органите кои треба да се борат против високата корупција и организираниот криминал во државните институции, значајни и во процесот на разговорите со ЕУ.