Јовески тврди дека Обвинителството постапува по кривичните пријави од Боки 13

На Бојан Јовановски, или познат како Боки 13, во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Јовановски кое содржи серија сериозни и тешки обвинувања за криење докази од страна на политичари и восоки правосудни функционери.

„По овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи“, вели Јовески.

Според него, Јовановски имал неколку можности да ги истакне тие повреди или тие незаконитости или извршувањето на кривични дела од одредени поединци. Пред сѐ, како што посочочува Јовески, тоа можел да го направи во текот на истрагата што се водеше против него, а ако немал доверба во истрагата тоа можел да го истакне на главната расправа каде што присуствуваа медиумите и можеше сите тие работи да се приопштат кон јавноста.

За волја на вистината такви обиди од страна на Јовановски имаше неколкупати во текот на рочиштата за случајот „Рекет“, но беше прекинуван од судијата или тие изјави беа пренебрагнувани.

„Бојан Јовановски потоа бараше на записник да даде кривична пријава во делот на таквите негови сознанија, наводи и докази за кои тврди дека ги поседува. Јас определив и јавен обвнител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, кој врз основа на дадена согласност од судијата на претходна постапка го посети во притвор со намера на записник да му земе наводи за кривична пријава. Бојан Јовановски ја одби таа соработка и после извесно време во неколку наврати, мислам дека во три му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи, да поднесе кривични пријави“, истакна државниот јавен обвинител