Јовевски добил закани по живот од „терористичка организација“

Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, добил закана по неговиот живот вчера преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.01.2022 година во 10:26 часот.

„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител истакнува дека се залудни ваквите закани и нагласува дека заканите, па дури и да се по живот, нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Од Обвинителството наведуваат дека пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката. Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја добил вчера, на 26. јануари 2022. Еве што пишува во писмото: