Синоќа на отворањето на изборниот штаб во Струмица се обрати Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четвртата изборна единица на коалицијата „Твоја Македонија“. Тој пред граѓаните истакна дека на престојните избори ќе бидат исправени пред обврската да ја вратат гордоста на Македонија, да се воведе ред и правна држава и економски да се крене Македонија и тоа ќе бидат клучните три приоритетит идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Тој ја прокоментира и кампањата на СДСМ и посочи дека нивната битка на овие избори е всушност внатрепартиска битка за иден лидер.
-Веројатно сме сведоци на најчудните избори во Македонија. Обично на избори се бираат Премиер, Претседател, пратеници, а сега имаат избори на кој бираат претседател на партија која што ќе пропадне. Значи битката е дали претседател на партијата СДСМ, која што ќе пропадне во следните 3 до 4 години, ќе биде носителот во втората или носителот во четвртата изборна единица. Се отепаа од кодошење меѓу себе. Ред не можат да фатат пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, кој кого повеќе ќе накодоши за да стане претседател на партијата која што ќе пропадне.. И едните доаѓаат кај нас за другите, другите доаѓаат кај нас за првите – рече Николоски.