Овие правила ќе ви помогнат да ги намалите килограмите без ригорозни диети

За да ги изгубите несаканите килограми не морате да држите ригорозни диети.

Постојат неколку едноставни правила во исхраната кои ќе ви помогнат да ги намалите килограмите.

Пред секој оброк испијте една чаша вода

Само една чаша вода ќе ја намали гладта, а покрај тоа и ќе го хидрира вашето тело.

Мали промени во начинот на подготовка на храната

Прженото месо заменете го со варено, лебот со компир, а колачите со овошје.

Јадете црно чоколадо

Чоколадото со голем процент на какао дава поголемо чувство на ситост и повеќе антиоксиданти.

Јадете помали порции

Едноставно, само земете помала чинија. Ако успеете да ја намалите порцијата за 30 проценти, вие ќе ослабете.

Движете се повеќе

Не се возете со лифт, одете пешки. Автомобилот заменете го со пешачење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.