Овој ноември бил втор најтопол во последните 140 години

Ноември 2019 година бил втор најтопол ноември досега регистриран на Земјата од 1880 година по ноември 2015 година, објави Американската агенција за океани и атмосфера (НОАА), потврдувајќи дека станува збор за нова рекордна година.

Програмата за набљудување на Земјата на Европската унија, Коперник, претстави малку различни проценки, кои ја потврдуваат истата тенденција и проценија дека ноември 2019 година е еден од трите најжешки покрај оние од 2015 и 2016 година.

Според NOAA, во ноември 2019 година просечната температура на глобусот била за 0,92 степени повисока од просечната температура во 20 век од 12,9 степени.

Месец по месец, особено јули, годинава собра многу рекордни температури. Таа е втора најтопла година од 1880 година, според Американците, додека 2016 останува со најтопол просек (1,01 степени Целзиусови во однос на просечната температура во 20. век).

Светската метеоролошка организација потврди на почетокот на ноември дека 2019 година е меѓу трите најжешки години забележани од 1850 година и заклучи дека ова е деценија на „екстремна топлина“.

Ова зголемување на просечната температура на површината на земјата и океаните од околу 1 Целзиусов степен може да се спореди со целта на Парискиот договор до крајот на векот да се ограничи зголемувањето на меѓу 1,5 и 2 Целзиусови степени. Со сегашното темпо на емисија на стакленички гасови, планетата се движи кон + 4 или 5 Целзиусови степени до крајот на векот.