Новата година и Божик се на прагот, а со тоа и празничната еуфорија е се’ поголема. Многумина би се согласиле дека нема поубаво време во годината од зимските христијански празници, божикната магија што ја носат и уживањето во храна, музика и омилениот филм.

Во пресрет на празниците, сигурно ја паметите најпопуларната сцена од филмот „Love Actually/Љубов, Всушност“, кој иако е снимен во дамнешната 2003-та, се’ уште е симбол за Божик. Неодоливиот и незаменлив, Британецот Хју Грант ја освои публиката со неговиот енергичен танц. Меѓутоа, Грант не е баш воодушевен што морал да ја снима токму оваа сцена.

Фамозната сцена продолжува после соочувањето на прес настанот со претседателот на Соединетите Американски Држави, каде премиерот (Хју Грант) е во неговиот дом кога песната “Jump (For My Love)” од Pointed Sisters ја пуштаат на радио во негова чест.

Хју Грант изјавил дека колку и да изгледал добро во танцувањето, сепак смета дека еден премиер не би се однесувал така во реалноста.

Како и да е, повеќето би се согласиле дека неговиот настап беше и ќе остане позитив на денот за време на новогодишните празници и Божик.