Од годинешното доделување на Оскарите покрај гламурозните тоалети и премногу проѕирните фустани ќе остане запаметен и најскапиот и најубав накит што сите го забележаа.
Скарлет Јохансон
Ѓерданот со Сваровски кристали беше вистински избор. Иако нејзиниот фустан кој беше креација на Версаче многумина го оценија како вистинско промашување, ѓерданот од друга страна доби сосема поинакви критики. Иако не беше премногу скапоцено, ова парче накит заслужи да се најде на листата на најдобрите.
Кејт Бланшет
Како вистинска жена со стил, Кејт речиси никогаш не греши кога станува збор за црвениот килим. Овој пат таа се одлучи за интересен син ѓердан од асортиманот на Тифани.
Гвинет Палтроу
Иако некои модни критичари го оценија фустанот на Гвинет како лош избор, обетките добија пофалба од сите. Таа се одлучи за обетки со рубини, бели и жолти дијаманти.
Маргот Роби
„Волчицата од Вол Стрит“ беше атрактивна како и секогаш, а својот стил го надополни со интересни парчиња накит. Ѓерданот „Zip Antique Colombine” од 18-каратно злато секако беше вистински избор.
Рита Ора
Рита Ора ги импресионираше сите и на доделувањето на Оскарите и на забавата што следеше потоа. Кога станува збор за накитот, таа овој пат се одлучи за дизајнерските обетки на Лорејн Швајц.