Овој постер е забранет, погледнете и зошто!

Постерот за филмот „Sin City 2“ , или „Град на гревот 2“, е прогласен за неподобен бидејќи на него „се јасно видливи градите и брадавиците кои се проѕираат низ транпарентниот фустан“.

Изгледа дека може да се биде и премногу секси, а во тоа се увериле и продуцентите на филмот, кои сега мораат да го менуваат највниот постер со преубавата Ева Грин, бидејќи американските цензори процениле дека глумицата позирала во претерано провокативно издание додека градите и се гледаат низ белиот прекривач.

Според мислењето на челните луѓе на асоцијатцијата МПАА која ги застапува најпознатите американски филмски студија, постерот е забранет за јавна употреба заради голотијата која како што објаснуваат подразбира (јасно видливи гради и брадавици кои се наѕираат низ провидниот фустан“.

Премиерата на филмот „Sin City: A dame to Kill for“ односно „Град на гревот: Дама за која би убил“, е закажана за 22 август а продуцентите забрзано работат на подготовка на нов помалку секси постер.