ОВР Кочани расчисти пет кривични дела тешка кражба

Денеска (23.01.2023) во ОВР Кочани е извршен службен разговор со 16-годишен малолетник,во присуство на родител, при што расчистени се вкупно пет кривични дела: Една тешка кражба од ЈЗУ Општа болница -Кочани, две тешки кражби од куќи и две тешки кражби на дрзок начин, сите сторени на подрачјето на ОВР Кочани.

Одземеното ќе биде вратено на оштетените, а по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.