Озборн против Канје Вест за користење песна на Black Sabbath

Семејството Озборн е бесно на музичарот Канје Вест затоа што користел песна од Black Sabbath на неговиот нов албум „Vultures“, иако Ози конкретно одбил да му даде дозвола на раперот да го стори тоа затоа што тој е „антисемитист“ кој предизвикал „неискажлива болка на многумина”.

„@kanyewest побара дозвола да користи клип од ‘жива’ изведба на ‘Iron Man’ на американски фестивал во 1983 година без вокали, но дозволата беше одбиена бидејќи тој е антисемит кој на многумина им предизвика неискажлива болка“, напиша Ози на X.

„Iron Man“ е песна на британскиот хеви метал бенд Black Sabbath, издадена во 1970 година од вториот студиски албум на бендот „Paranoid“.

Ози потоа додаде дека Канје навистина користел дел од песната на забава во петокот за промоција на албумот.

„Не сакам ништо да имам со тој човек“, изјави Ози преку социјалните мрежи.

Неговата 71-годишна поранешна сопруга Шерон, која е Еврејка, во петокот за TMZ изјави дека „Канје овојпат се з…а со погрешен Евреин“, додавајќи дека таа и Ози веќе поднеле законска забрана за нивната песна, согласно со законот за трудовото право.

Таа потврди дека претставникот на раперот им се обратил пред три седмици со барање да ја искористат песната на Black Sabbath и дека нејзиниот сопруг „апсолутно одбил“.

Таа потсети дека Канје со години упатува антисемитски навреди и го фали Хитлер и дека тој „претставува омраза“. Го нарече „опасен“ и „обична свиња“.

Во декември, два месеца по нападот на Хамас врз Израел, Канје Вест ѝ се извини на еврејската заедница во долга објава на Instagram и рече дека „ним им е важно да им простат“.

„Не ми беше намера да навредам или омаловажувам, длабоко жалам за болката што ненамерно ја предизвикав“, напиша тогаш раперот, кој оттогаш го промени своето име во Је.

Сепак, некои го нападнаа и Ози, кој и самиот еднаш зборуваше за Хитлер во едно интервју во 1982 година, кога рече дека нацистичкиот лидер има „харизма, иако на негативен начин“ и дека на некој начин му се восхитува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.