Оздравени од коронавирусот две лица од Штип, лекувани во домашни услови

Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, министерството за здравство информира дека во средата попладнето се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од болеста Covid-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување

Пациентите, како што соопшти министерството, биле под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип. Кај овие лица, согласно протоколот, биле направени два контролни теста коишто покажале негативен резулат на коронавирусот.

Во моментов во болницата во Штип од Covid-19 се лекуваат четири пациенти, а штипската болница следи уште 14 пациенти со лесна форма на болеста кои се на домашно лекување.