Озил е најголемата главоболка на Баерн (М)

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е првата и повеќе од сериозна пречка која му стои на патот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).

Капитенот на баварскиот гигант, Филип Лам, потврди дека неговите соиграчи се подготвени за големата борба која ги очекува на “Емирати” и додаде дека најголема опасност кон голот на Баерн (М) ќе биде најскапата аквизиција во клупската историја на Арсенал, репрезентативецот на Германија, Месут Озил.

“Речиси сите фудбалери кои го носат дресот на Баерн (М) добро знаат со каков квалитет располага нашиот сонародник од редовите на Арсенал, Месут Озил. Свесни сме дека Озил е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и таков статус има веќе подолг временски период. Мора да внимаваме на неговите асистенции. Озил е опасен и кога не е во форма, ние не смееме да му дадеме ни малку простор, топката не смее да заврши во неговите нозе. Ја казнува секоја противничка грешка”, изјави Лам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.