Озил и Гундоган пред отстранување од репрезентацијата

Репрезентацијата на Германија би требало да ја разгледа одлуката за отстранување од тимот на Месут Озил и Илкај Гундоган по фотографиите со претседателот на Турција, Таип Ердоган, изјави менаџерот на тимот на „Елф“ Оливер Бироф.

Фудбалерите од турско потекло, кои даода голем придонес за националниот тим на патот кон титулата светски шампион во 2014 година, добија многу критики поради објавената фотографија со Ердоган само еден месец пред почетокот на Светското првенство во Русија.

До сега никогаш не сме морале да ги присилуваме репрезентативците да направат нешто, но секогаш се обидуваме да ги убедиме, изјави Бироф за „Де Велт“.

Гундоган веднаш по објавувањето на фотографијата изјави дека немал намера да создаде политички проблем, додека Озил остана без коментар. Тоа е причината зошто фудбалерот на „Арсенал“ е повеќе на удар, што е особено изразено по слабиот настап во Русија.

Мислам дека е факт  оти Гундоган и Озил со снимената фотографија не го вознемирија тимот, но дебатата е во тек, рече поранешниот репрезентативец на Германија, а сега со одговорна улога во тимот кој е на Светското првенство во Русија испадна во првата фаза, за прв пат по осум децении .

Политичарите во Германија беа лути поради фотографијата на Ердоган, токму во моментот на политичката кампања, со двајцата германски репрезентативци, како и голем дел од јавноста во таа земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.