Озил пред преселба во Фенербахче во јануари

Плејмејкерот на Арсенал, Месут Озил, може да направи изненадувачки трансфер во јануари и да се пресели во турски Фенербахче, според британскиот таблоид „Сан“. Креативниот играч од средниот ред долго време беше критикуван за неговите неубедливи настапи со екипата на „топџиите“, а неодамна дојде во судир со Кина по темата ујгури, што најверојатно негативно ќе се одрази на имиџот на тимот од Лондон во најнаселената земја.

Како резултат, раководството на клубот и самите играчи дошле до заклучок дека е најдобро да се разделат преку јануарскиот преоден рок. Според весникот, спортскиот директор на Фенербахче, Деимин Комали, бил во Лондон на почетокот од оваа недела да се договори со поранешниот германски репрезентативец да се приклучи на турскиот гигант. Бидејќи Озил добива многу висока плата во Арсенал (350.000 фунти неделно според медиумите), неговата единствена опција е тој да премине пад наем во Фенербахче и екипата од Премиер лигата да продолжува да плаќа дел од неговиот надоместок.

Полошата вест за Арсенал е што блиску до заминување од „Емирати“е и топ стрелецот на тимот, Пјер-Емерик Обамејанг, кој не е задоволен од лошите перформанси на тимот и неможноста да се бори за трофеи. „Индипендент“ тврди дека напаѓачот изразил желба да го смени клупското членство во јануари, но газдите на Арсенал ќе се обидат да го премислат.