Озил задоволен од првата сезона на Емирати

И покрај се почестите критики кои се упатени на неговата адреса, како и фактот дека беше повреден во поголемиот дел од сезоната, најскапата аквизиција во клупската историја на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Месут Озил, си даде преодна оцена за играта која ја прикажал во првата сезона откако престојува на “Емирати”.

„Имав и добри и лоши моменти, но јас сум задоволен од тоа што го прикажав во првата сезона откако потпишав за Арсенал. Мојот клуб нема освоено шампионска титула веќе 10 години, но веќе за една недела, Арсенал има шанса да слави во англискиот ФА Куп. Можно е во три различни држави да славам во куп-натпреварувањето. Не можам да кажам дека се беше совршено, имаше секакви искри на зелениот терен, но играв и здрав и повреден, го дадов максимумот на сеокој натпревар и затоа сум задоволен од првата сезона во дресот на Арсенал,“ изјави репрезентативецот на Германија.

Само за потцетување, Арсенал плати рекордни 40 мил. фунти за поранешниот фудбалер на Реал (М) кој сезонава има постигнато само четри погодоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.