Озонската обвивка значително заздравелa

Озонската обвивка на Земјата полека но забележително заздравува, а со ова темпо „озонската дупка“ над Антарктикот , на местото на коешто слојот е најтенок би можел да биде целосно пополнет за околу 43 години, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации.

Научната процена којашто се спроведува на секои четири години покажала дека заштитната обвивка на планетата закрепнала, повеќе од 35 години откако е постигнат глобалниот договор за тоа повеќе да не се произведуваат хемикалии кои го нагризуваат слојот на озонот во атмосферата на Земјата.

Озонската обвивка е клучна, бидејќи го штити животот на Земјата од штетното ултравиолетови зрачење, а стручњаците го поврзуваат со појавата на ракот на кожата и катарактата, а го доведуваат во поврзаност и со оштетувања на посевите.

„Гледаме дека работата се поправа во горната стратосфера и во областа на озонската дупка“, вели Пол Њумен, еден од научниците кои учествувале во процената.

Дупката во озонската обвивка настанала со загадувањето кое го предизвикал човекот, особено со хлорофлуоријаглеродите (CFC) кои некогаш ги испуштале ладилниците, тврдат научниците кои ја застапуваат тезата за човековото влијание врз погубните климатски промени.

Иако, според извештајот претставен во понеделникот на конвенцијата на Американското метеоролошкото здружение во Денвер напредокот е бавен, оваа вест охрабрува. Имено, глобалното просечно количество на озонот на височина од 30 километри во атмосферата нема да се врати на нивото пред неговото разредување од 1980-те до околу 2040-те години, се наведува во извештајот и се истакнува дека на Арктикот нема да се врати во нормалата сѐ до 2045 година.

Уште потешка е состојбата на Антакртик, каде што озонскиот слој е толку тенок што во него се создала голема дупка којашто нема целосно да закрепне до 2066 година.

Ваквите активности започнаа со договорот од 1987 година, наречен Монтреалски протокол, со кој е забрането користењето на хемикалиите често употребувани во уредите за разладување и во аеросолите.

Во 2016 година, со Договорот од Кигали, пак, е предвидени и постепено исфрлање од употреба на гидрофлуиријаглеродите (HFC), исклучително штетните гасови за климата кои се користат во ладилниците и во клима уредите. Доколку овој договор биде почитуван, би можел да го намали глобалното затоплување а 0,5 Целзиусови степени до 2100 година, според стручњаците.

Озонската обвивка се простира во долниот слој на стратосферата од околу 10 до 50 километри над Земјата. Неговата дебелина варира зависно од местото и годишното време.

„Преземените активности претставуваат преседан кога станува збор за климатското дејствување. Успехот кој го постигнавме за постепено да ги исклучиме хемикалиите кои го голтаат озонот, ни покажува што може и мора итно да се преземе: да се намали користењето на фосилните горива, да се намали емисијата на стакленичките гасови и на тој начин да се ограничи глобалниот пораст на температурите“, тврди проф. Петери Таалас генерален секретар на Светската метеоролошка организација (World Meteorological Organization – WMO).

На знаците за закрепнувањето на озонската обвивка, научниците укажаа и во извештајот од пред четири години, но тогаш резултатите беа прелиминарни и не толку значителни.

„Меѓутоа бројките коишто се однесуваат на закрепнувањето на озонската обвивка сега се подобрени и се стабилни“, вели Њумен.

Двете главни хемикалии кои го голтаат озонот се наоѓаат во пониските нивоа од атмосферата, според Њумен, кој е главен научник за оваа тема во Goddard Space Flight Centre при американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Нивоата на хлорот паднаа за 11,5 отсто во однос на максимумот од 1993 година, а нивоата на бромот, кој е поефикасен кога станува збор за уништување на озонот, но се наоѓа на пониските нивоа, паднале за 14,5 отсто од максимумот од 1999 година, се наведува уште во извештајот.

„Фактот дека нивоата на бромот и на хлорот престанале да растат и паѓаат, е вистински доказ за ефикасноста на Монтреалскиот протокол“, истакнува Њумен.

Поради ваквите настојувања и активности „секоја година од развој на ракот на кожата се спасуваат два милиона луѓе“, вели директорката на Програмата на Обединетите нации за природната средина, Ингер Андерсен.

Иако извештајот е претставен како добра вест, научниците предупредуваат дека геоинженерскиот проект чијашто цел е да се ограничи глобалното загревање би можело да го загрози овој напредок, бидејќи имаат несакан ефект.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.