ЈП Градски паркинг од утре со зимско сметање на зоните за паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2022 год. (сабота) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:

– Од понеделник до петок: од 07:00- 21:00 часот;
– Во сабота: од 07:00- 14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно:
– Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.