Пјонгјанг предупреди на воени противмерки против провокациите од Јужна Кореја

Северна Кореја предупреди во саботата дека ќе преземе „огромни воени противмерки против намерните провокации од Јужна Кореја“, со продолжување на високите тензии по севернокорејските лансирања на балистички проектили последните седмици и заедничките масивни поморски маневри на САД, Јапонија и Јужна Кореја.

Предупредувањето на севернокорејската народна армија (KPA), дојде ден откако Северна Кореја истрела балистички проектил со кус дострел во морето и стотици артилериски проектили во близина на границата со Јужна Кореја.

Единиците на севернокорејската армија на првата линија на одбраната изеле артилериско гаѓање во петокот за да испратат јасно предупредување на „повторените провокации од страна на непријателот во предните подрачја“, изјавил портпаролот во изјава која ја пренесе службената севернокорејската новинска агенција KCNA.

„Нашата војска ниту во иднина никогаш нема да дозволи какви и да се провокации на непријателот кои ја ескалираат воената тензија на Корејскиот полуостров, туку ќе преземе основни и надмоќни воени противмерки“, стои во соопштението.