Пјонганг го обвинува Вашингтон за неуспехот на преговорите во Стокхолм

Севернокорејскиот претставник го обвини САД дека се одговорни за неуспехот на разгроворите за севернокорејската нуклеарна програма кои започнаа во шведската престолнина Стокхолм во саботата, по повеќемесечниот застој и покрај ескалацијата на ракетните тестирања од страна на Пјонгјанг, додека Вашингтон објави дека под две седмици преговорите кои биле конструктивни ќе продолжат.

Американските и севернокорејските функционери започнаа претпладнето во Шведска нуклеарни преговори, во изолиран конференциски центар во предградие на Стокхолм.

„Преговорите не ги исполнија нашите очекувања и на крајот пропаднаа (,,,) За неуспехот на преговорите, кои не доведоа до никаков напредок, одговорни се САД кои не се откажаа од својот вообичаенн став. САД ги поттикнаа очекувањата со предлозите за флексибилен пристап, нови методи и креативни решенија. Но многу не разочараа и го уништија нашиот ентузијам кога ништо не ставија на преговарачката маса“, изјави Ким Мјонг Гил за новинарите во Стокхолм.

Американската делагација, пак, ја прифатила поканата на Шведска да се врати во Стокхолм по две седмици и да ги продолжи консултациите со претставниците на Северна Кореја, се наведува во писменат изјава, која ја објави во саботата портпартолката на Стејт департментот, Морган Ортегус, по завршувањето на разговорите во Стокхолм.

„По завршувањето на разговорите, САД предложија (на Северна Кореја) да ја прифати поканата на Шведска како домаќин по две седмица да се вратат во Стокхолм и повторни да се сретнат за да ги продолжат со дискусии за сите теми. Делегацијата на Соединетите државија прифатија поканата“, се наведува во соопштението. Сепка, Ортегус не посочува како на предлогот реагирала севернокорејската дипломатија.

Во соопштението се истакнува дека американските дипломати имале „конструктивни разговори“ во Стокхолм со севернокорејската делегација, изјавите на нејзините претставници не се го одразува духот на средбата.

„Изјавите на делегациите на Корејската Демократска Народна Република не ја одразуваат содржината и духор на денешните разговори, кои траеја 8,5 часа. (Дипломатите) на САД претставија креативни идеи и имаа конструктивни консултации со своите колеги од КДНР“, се истакнува во соопштението.

Севернокорејскиот претставник Ким Мјонг Гил и американскиот Стивен Бејган се состанаа со посредување на шведскиот специјален претставник Кент Хаерштад. Делегацијата на Северна Кореја, која е под санкции и забранет ѝ е голем дел од трговијата поради нуклеарната прогорама, пристигна во Шведска откако Пјонгјанг неочекувано објави дека преговорите ќе се одржат на 5-ти октомври.

Аналитиачарите велта дека челниците на двете земји се соочуваат со сѐ посилни иницијативни да постигнат договор, иако е нејасно кои заеднички основи би можеле да бидат изнајдени по месеците тензии и застој,

Американската влада со нетрпение исчекуваше Северна Кореја да се согласе на продолжување на дијалогот кој е на мртва точка по неуспехот на самитот во виетнамската престолнина Ханој кон крајот на февруари на кој учествуваа челниците Доналд Трамп и Ким Џонг-ун

Во вторникот севернокорејската дипломатија објави продолжување кон крајот на седмицата, што САД веднаш го потврдија. Ким Мјонг Гил пред заминувањето во Шведска рече дека има „големи очекувања“ од разговорите. Северна Кореја потоа објави дека во четвртокот успешно од подморница лансирала нов балистички проектил (SLBM), за да ја зајакне својата одбрана и да ги одврати заканите од странство, во пресрет на најавените нуклеарни преговори со САД. Трамп за новинарите во Вашингтон го ублажи значењето на севернокорејските тестирања и рече дека преговорите без оглед на тоа ќе се одржат.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.