ЈП „Водовод и канализација Скопје“ ја отвори можноста за производство на еко-електрична енергија преку фотоволтаични централи

Со првенствена цел, заштита на животната средина, но и имплементација на иновативни технологии, како и можност за заштеда на финансиски средства, ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја отвора можноста за производство на еко енергија преку фотоволтаици.

За оваа цел беше направен првиот чекор, измена на статутот на претпријатието, со кој се дава можност за вакви активности и инвестиции. Измената беше едногласно усвоена на последната седница на Советот на Град Скопје. Со ваквата одлука се отвора административна можност за инвестиции во полето на производство на еко енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.