
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, без забрани, застои и ограничувања, по претежно влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.
Појава на магла, видливост до 50 метри: Тетово-Скопје, Велес-Штип, Неготино-Градско, Кула-Катланово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.