Пачовски: Тоа што се случи со химната е голем скандал

Репрезентативниот голман на Македонија, Томе Пачовски, јавно го осуди големиот скандал кој се случи пред официјалниот старт на пријателскиот натпревар поротив селекцијата на Камерун.

Организаторот прво ја најави македонската химна, но ја пушти таа на Камерун, а потоа ја најави химната на Камерун и повторно ја пушти истата химна.

„Тоа што се случи со химната е голем скандал. Напишете со големи букви. Ние да им го направевме тоа на Балканот, ќе кренеа голема паника и ќе имаше силен притисок кон нас. Навистина е скандал. Што се однесува до играта, мислам дека имавме млад тим, кој покажа дека има потенцијал. Овие се добри натпревари за проверка, иако не доаѓаат во најдобар момент, по завршувањето на сезоната. Сепак, неискуството го одлучи средбата иако имаше и позитивни страни. Мора да ја потенцирам играта на Стефан Спировски кој одигра одличен меч“ – истакна првиот чувар на мрежата на нашиот национален тим”, изјави Пачовски за познатиот спортски сајт во Македонија, “Екипа”.