Пациент со симптоми на зараза со коронавирусот оставен да чека пред инфективното одделение во Охрид

Уште еден нов скандал ја тресе инфективното одделение на охридската општа болница откако пациент со знаци за зараза со корнавирусот во вторникот попладнето не бил хоспитализиран, јавува Алфа телевизија.

Според информациите, лицето кое било придружуван од членови на семејството било оставен со часови да чека пред врата на одделението.

Директорот на општата болница Стругам Мухамед Асани, во телефонско јавување во дневникот на Алфа, рече дека согласно здравствените протоколи заболениот најпрвин бил прегледан во струшката општа болница, од каде потоа уредно со упат бил пренесен на инфективното одделение во Охрид.

„Апелирам 59-годишниот пациент од Лабуништа 59 годишниот од вчера, да е последен случај и да немаме веќе проблеми. Да знаеме насоките како и каде треба да се праќаат пациентите бидејќи насока наша добиена е тие пацинети да е праќаат на инфективен оддел во општа болница Охрид.Пациентот чекал околу 2 часа пред влезот на одделенот инфективен во општа болница Охрид“, рече Асани.

Директорот на охридската општа болница, др Горан Белев, пак, вчера изјави дека инфективното одделение во Охрид е со ограничен капацитет и дека во моментот има само четири сомнителни случаи, коишто се хоспитализирани и се токму од струшко.

!Сега засега Струга си ги прегледува нивните пациенти, а ако има потреба од мислење од инфектолог го препраќа тука, а после спрема клиничката слика инфектологот одлучува што ќе прави со тој пациент“, вели Балев.

За конкретниот случај, директорот на охридската болница тврди дека пациентот бил прегледан од инфектолог кој влегов во болничкото комбе. Бидејќи бил со јасни знаци на коронавирус, соодветно бил третиран и испратен на инфективната клиника во Скопје.

Имено ова не е прв ваков случај пациент да боде оставен. Според информациите и во период од 26-ти до 28-ми март, на инфективното одделение не беше хоспитализиран нити еден пациент од струшко,иако биле донесени со исклучително лоша здравствена состојба.Таков беше случајот со 66=годишната пациентка од Татеши која почина дома. Телевизија Алфа го обелодени и крајно непрофесионалнит и неетичко однесување на лекарите кои 3 часа оставија надвор на ниска температура пациентка од Лабуништа која исто така не сакаа да ја примат, иако имала упат.

Тогаш актуелната директорка на болницата беше разрешена, а Основното јавно обвинителство го испитва случајот со почината пациентка од Татеши.