Пациентка нападна доктор во Штип

По физичкиот нападнат на лекар во тетовската болница, полицијата вчера интервенираше и во штипската клиничка болница.

Пациентка од Кочани нападнала лекар во хирушкото одделение. Неофицијално, како што пренесува Канал 77, причина за инцидентот бил презакажан термин за операција, за што пациентката била доцна информирана.

-Тоа предизвикало револт кај жената која бесот го истурила на штипскиот лекар. Била повикана и Полиција. Порпарлот на СВР Штип, Гордана Панајотова, вели дека има пријава за напад, но вербален, не физички, објави Канал 77.

Од штипската болница, не демантираат дека дошло до некаков инцидент, но велат дека со информации ќе излезат во понеделник откако детално ќе го испитаат случајот.

извор Канал 77