Пациентката (23) која почина од Ковид-19, имала тумор на лимфно ткиво во одмината фаза

Девојката од Свети Николе (23), која беше заразена со Ковид-19, починала како последица на хематолошка малигна болест, пренесе А1он од извори на Министерството за здравство.
Таа се лекувала на Инфективната клиника во Скопје, но нема детали за тоа колку време и со каква клиничка слика била примена.
Според официјалните информации, девојката имала тумор на лимфно ткиво. Станува збор за пациентка која немала примено вакцина против корона вирусот.
Од УК за инфективни болести информирале дека станува збор за невакцинирана пациентка, со дијагноза non hockin limfom во одмината фаза од болеста и смртниот исход е последица на хематолошката малигна болест.
Пациентката е една од четирите починати лица според денешната ковид статистика, со 770 новозаразени во земјава.